По малку изненадувачки, но како што информираат медиумите во Италија, трансферот е готов. Горан Пандев ја напуштил Џенова и до јуни ќе игра во Серија Б, во тимот на Парма. Остануваат само да се договорат деталите и трансферот да стане и официјален.
Навистина интересно, ако се знае дека Македонецот во неколку наврати истакнуваше дека кариерата ќе ја заврши во Џенова.