Пред неполн час на своите социјални мрежи, Манчестер Сити објави дека успеал да го комлетира трансферот со Хулиан Алварез од Ривер Плата. Со него е потпишан договор на 5,5 години, но ќе остане во аргентинскиот гигант на позајмица до јуни оваа година.
Сити за него плати 18,5 милиони евра плус разни бонуси.
Алварез има 22 години, за Ривер Плата одиграл 96 меча на кои постигнал 36 голови и имал 25 асистенции.
На овој трансфер инсистираше стратегот на “граѓаните“ Пеп Гвардиола.