Јакимовски со „дабл-дабл“ за трета врзана победа на Вашингтон

138

Уште едно одлично издание на Андреј Јакимовски и трета последователна победа на Вашингтон Стејт во американската колеџ-лига. Синоќа на домашен терен, „Кугарс“ славеа убедливо со 70:43 против екипата на Колорадо и ја запишаа 12-тата победа и се искачија на 5. место во Пацифик-12 конференцијата.

Јакимовски повторно беше двоцифрен, со 14 реализирани поени, на кои додаде и 10 скока за „дабл-дабл“ ефект во победата на својот тим.

ПретходноЗатворање на трансфер пазарот: Каде може да се прават трансфери и по 31 јануари?
СледноНа 4 дена до ЗОИ 2022: Нови 28 случаи на заразени спортисти со Ковид-19