Никола Јокиќ продолжува да „гази“ во НБА-лигата. Денвер го совлада актуелниот НБА првак, Милвоки со 136-130, а српскиот репрезентативец беше на ниво на задачата. Му фалеше еден скок за да дојде до 13. трипл-дабл, постигна 18 поени и 15 асистенции.
Покрај оваа партија, Јокиќ се најдов центарот на вниманието по потегот кој го направи за време на натпреварот. Ја зема таблата од помошниот тренер и зема да црта акција.
Coach Jok hard at work pic.twitter.com/ccujQoofaS
— Nnaji by Nature (@nuggetstan11) January 31, 2022