Јокиќ му „зеде мерка“ и на шампионот, Феникс прв до 40. победа сезонава (ВИДЕО)

153

Кошаркарите на Денвер славеа против шампионот Милвоки на гостински терен со убедливи 136:100, со уште една неверојатна партија на Никола Јокиќ, кој пропушти само еден скок за 13. трипл-дабл сезонава. Актуелниот МВП на НБА лигата постигна 18 поени, со 15. асистенции и девет скокови за само 28 минути на паркетот.

Во петтата последователна победа на Нагетс најефикасен беше Арон Гордон со 24 поени, а Монте Морис додаде 18.

Изненадување приредија кошаркарите на Орландо кои го победија Далас со 110:108 и така само по вторпат сезонава врзаа две победи. Чума Океке со 19 и Франц Вагнер со 18 поени беа носители на играта на домашните, додека на Далас не му помогна ниту седмиот трипл-дабл на Лука Дончиќ во сезоната, а 43-ти во кариерата. Тој натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Најдобриот тим во лигата, Феникс успеа да ја надополни разликата од 12 поени во последната четвртина и на крајот да го победи Сан Антонио со 115:110. Феникс стана првиот тим во НБА лигата кој стигна до 40. победа, а најзаслужни за тоа беа Девин Букер и Михал Бриџис кои постигнаа 28, односно 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Кливленд – 115:105

Милвоки – Денвер – 100: 136

Орландо – Далас – 110: 108

Минесота – Јута – 126:106

Феникс – Сан Антонио – 115:110

Чикаго – Портланд – 130:116

Шарлот – ЛА Клиперс – 90:115

Атланта – ЛА Лејкерс – 129:121

ПретходноПред неколку недели седеше дома и гледаше ракомет на ТВ, сега е европски шампион
СледноПСЖ и Барселона не се договориле: Ништо од трансфер на Дембеле оваа зима