Му предвидуваа блескава кариера но место тоа неговата кариера почна да оди по надолна линија. Некогашниот талент на Шалке Макс Мејер кој играше од 2013 до 2018 година ветуваше многу. Играчот од средниот ред одигра 146 бундеслигашки натпревари за тимот од Гелзенкирхен, а потоа отиде во Кристал Палас. По две сезони во лондонскиот клуб отиде во Келн каде по само 10 меча си замина и потпиша за Фенербахче. Но за турскиот гигант одигра само пет суперлигашки натпревари, па клубот од Истанбул реши да му најде клуб.
Мејер сега ќе игра во лидерот во данското првенство Митјиланд. Доаѓа како позајмен фудбалер.
Инаку сега веќе 25-годишниот фудбалер играше за младинските селекции на Германија, за Олимписката селекција за ОИ во Рио, а и за А репрезентацијата одигра четири меча и постигна еден гол. Но тие натпревари беа во 2014 и 2016 година.
Introducing… 𝗠𝗮𝘅 𝗠𝗲𝘆𝗲𝗿 💥 pic.twitter.com/3OsFRYS4s0
— FC Midtjylland (@fcmidtjylland) January 31, 2022