Захариевски: Струга ТЛ го продолжи својот престој во Драч, од утре се приклучува и Китановски!

568

Иако експедицијата на Струга Трим Лум требаше денеска да се врати од десетдневните подготовки во Драч, сепак челниците на клубот одлучија екипата и стручниот штаб да останат во Албанија до петок.

Сметам дека тоа е добар потег. Овде во Драч навистина имаме одлични услови за работа, временски услови се идеални и до петок ќе се обидеме да одработиме она што планирано. Утре се приклучува и Томе Китановски кој досега не беше со нас поради здравствени проблеми. Одигравме неколку натпревари, од тоа што го видов јас сум задоволен. До петок ќе одиграме уште два“ изјави за „Спортмедиа“ стратегот на струшкиот прволигаш Срѓан Захариевски.

ПретходноЕкстра засилување: Војдан Стојановски за уште посилен МЗТ!
СледноТотенхем го претстави “Македонецот“ Кулушевски, Ло Селсо во Вилјареал, Холанѓанец на “Гудисон“…