На 4 дена до ЗОИ 2022: Нови 28 случаи на заразени спортисти со Ковид-19

107

На четири дена до почетокот на ЗОИ во Пекинг, кинеските власти утрово потврдија нови 28 случаи на инфекција со коронавирус поврзани со пристигнувањето на спортистите и спортските работници на Олимписките игри. Вчера биле направени вкупно 1.252 тестирања на лица кои доаѓаат на натпреварите.

Осум случаи се поврзани со самите спортисти, додека останатите се поврзани со спортски персонал. Во саботата беа потврдени 34 случаи, а во петокот 35.

Многу тимови се во неволја непосредно пред почетокот на Олимпијадата. Хокеарската репрезентација на Швајцарија остана без голманот Јорен ван Потелберге и напаѓачот Свен Сентелер, а слични случаи има и во другите екипни спортови. Се стравува дека ќе има уште многу случаи на зарази на спортисти бидејќи Кинезите вршат ригорозни тестирања.

ПретходноЈакимовски со „дабл-дабл“ за трета врзана победа на Вашингтон
СледноПетар Белистојаноски е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија