Како “бомба“ одекна веста од Италија доцна попладнево дека Горан Пандев ја напушти Џенова и дека во пролетниот дел од сезоната ќе игра за Парма, во Серија Б.
Договор има, се чека само на официјализирање на трансферот или позајмицата.
Инаку ГРАНДЕ како легенда во Серија А ќе биде заедно во Парма со уште една голема, голема легенда на “Чизмата“. А тоа е Џиџи Буфон.
Нема што, Парма ќе има легенда во нападот, но веќе има и легенда на голот.
Бројките од настапите на двајцата во Серија А, се „застрашувачки“. Имено Пандев и Џиџу Буфон вкупно одиграле 1.150 натпревари. Македонецот има 493 настапи и 101 гол, додека Италијанецот за Парма и Јуве има 657 мечеви во една од најквалитетните лиги во светот. Тука ги сметаме само натпреварите во Серија А.
За Македонија и Италија овие двајца одиграле вкупно 298 натпревари. Пандев има 122 мечеви а Буфон дури 176, Македонецот има и 39 голови.
Ете такви легенди во наредниот период ќе ја предводат Парма низ мечевите во Серија Б.
🚨Parma announces the signing of Goran Pandev.
The 38-year-old striker ends his link with Genoa.#DeadlineDay pic.twitter.com/1cqL5rMbhT— World of Football (@Infogenuino) January 31, 2022