Изненадувачко засилување за Парма – така „Калчомеркато“ го опишта трансферот на Горан Пандев од Џенова во Парма, клубот кој сега се натпреварува во Серија Б. „Гранде Пандев“ одлучи да ја прифати понудата на „млекарите“ и покрај тоа што има 38 години и ќе заигра заедно со славниот Џиџи Буфон.
Медиумите пренесуваат дека Гоче има договор до крајот на сезоната но има и опција да го продолжи на уште шест месеци или уште една сезона.
Парма му посака добредојде на Пандев, а тој е спремен да ги разигра соиграчите во нападот, а и сам да ги тресе противничките мрежи да му помогне на клубот да се подобри со оглед дека сезонава не му оди, ја држи 12-тата позиција на табелата со 24 бода, а далеку е од местата за Серија А и од местата за бараж.
Bolstering the ranks with a mighty Macedonian: welcome, Goran Pandev! 💪🇲🇰 #ForzaParma
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) January 31, 2022