Работнички и Симиќ се разделија

290

Некогашниот македонски кошаркарски репрезентативец Тони Симиќ не е повеќе тренер на најтрофејниот клуб во земјава Работнички. Симиќ денеска поднел оставка која управата ја прифатила со што ставен е крај на неговиот петмесечен престој во клубот од Градски парк.

По срамотниот пораз на домашен терен од вториот тим на МЗТ Скопје беше клучот за да се отвори излезната врата од клубот. Инаку Симиќ лани седна на клупата на најтрофејниот македонски клуб што беше изненадување со оглед на никакво прволигашко искуство.

Наследникот на Симиќ би требало да биде познат во текот на утрешниот ден.

ПретходноЛацио објави нов играч – екс-репрезентативец на Зеленортските острови
СледноПарма му посака добредојде на „Гранде Пандев“