Шведска се врати дома со златен медал од Европското првенство. После 20 години пауза на својата нација и подари нов пехар, откако ја совлада Шпанија во финалето.
Ракометарите на новиот европски првак беа пречекани од своите најблиски, а во центарот на вниманието се најде синот на Андрес Паличка. Иако голманот на Шведска беше еден од главните мотори на последните два меча, сепак за неговиот син Арон, број еден е Никлас Ландин.
На прашањето од новинарот какво е чувството да го пречека својот татко со златен медал, следеше уште еден интересен одговор.
“Чудно, секогаш носи брозна или злато#.
Sågningarna här från Palickas son Aston pic.twitter.com/xz7vczgJPQ
— Milad Akbarzadeh (@milleakbarzadeh) January 31, 2022