Тотенхем го претстави “Македонецот“ Кулушевски, Ло Селсо во Вилјареал, Холанѓанец на “Гудисон“…

1591

Она што се најавуваше и се оствари. “Македонецот“ Дејан Кулушевски се пресели во Тотенхем и сега под водство на Антонио Конте очекува се врати во старата добра форма, едноставно тој во Јуве не беше на потребното ниво. За Тотенхем денеска потпиша и Родриго Бентанкур. И тој дојде од Јуве. Првиот е на позајмица, додека вториот е со постојан трансфер.

На пат кон Вилјареал е Џовани Ло Селсо, тој треба да игра во Ла Лига како позајмен играч. Аргентинецот е големо засилување за Вилјареал. Евертон е во атак. По Деле Али, ново име на “Гудисон“ ќе биде и Дони ван де Бек, Холанѓанецот кој досега беше член на Манчестер Јунајтед.

ПретходноЗахариевски: Струга ТЛ го продолжи својот престој во Драч, од утре се приклучува и Китановски!
СледноРаботнички заврши со Анталија!