Без разлика со кој состав играше ЦСКА Софија на контролата денеска против нашиот тим Академија Пандев, тој пораз на бугарскиот гигант од 0:4, на мечот во Анталија, бурно одекна во тамошните медиуми.
Интересно е тоа што на трибините бил и спортскиот директор на ЦСКА Алан Пардју, па на 0:3 гневен и нервозен си заминал.
После средбата своја изјава даде и Стојчо Младенов, шефот на стручниот штаб на ЦСКА Софија.
“Сите играчи кои денеска настапија на средбата со Академија Пандев ќе бидат казнети. Вакво однесување едноставно не може да се толерира кога станува збор за клуб како што е ЦСКА Софија“ рече покрај другото бугарскиот стручњак.
ФОТО: cska.bg