Пандев со емотивно збогум: Почувствував дека е време да си одам – Џенова засекогаш!

607

Горан Пандев во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Парма. По повеќе од пет години минати во дресот на Џенова и на крајот на својата кариера одлучи да направи трансфер во тим кој се бори за влезе во Серија А.

Најдобриот македонски фудбалер и поранешен капитенот на нашиот национален тим на социјалните мрежи испрати порака до фановите на клубот, емотивен се збогуваше со Џенова.

„Тешко е да се остават овие бои. Чувствував дека е време да одам, никој не ме натера да го направам тоа. Само страста ви дава поттик, свеста да се биде дел од некој проект. Секогаш ќе бидеш во моето срце: мојот град, моите бои, мојот плоштад. Би сакал да се вратам и да ве поздравам сите како што треба, на Мараси, уште еднаш, за последен пат да ja слушнам  публиката. Ви благодарам за емоциите што ми ги дадовте. Џенова засекогаш!“, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

ПретходноРистовска и ЦСКА Москва ја наполнија мрежата на Звенигород
СледноЦрвена Звезда и Милано го сторија невозможното во Евролига!