Страшно: Осман Дембеле – секој гол 5,7 милиони евра, секој меч 1,4 милиони евра!

636

Осман Дембеле веројатно е утка или промашување на векот. Барса за него „истресе“ тешки, тешки милиони а не доби ништо. И кога се ќе се собере и одземе, кога ќе се пресмета колку пари Дембеле заработил од Барса а колку натпревари одиграл и колку голови постигнал, тогаш тоа е страшно.

Имено каталонски „Спорт“ излезе со пресметка дека Барса секој гол на Дембеле го платила 5,7 милиони евра, секој меч на кој играл платен е со 1,4 милиони евра, и на крај секоја негова минута мината на теренот во дресот на Барса овој клуб ја чини фантастични 23.000 евра.

Ова се вика епско промашување. Промашување на векот.

ПретходноАндреј Маслинко го напушта ТФТ поради неподмирени долгови!
СледноСензација во Турција: Лев се враќа во Фенербахче