Андреј Маслинко, еден од најпреспективните македонски кошаркари ја завршува својата мисија во дресот на ТФТ. Причината за ова се неподмирените финансиски обврски на раководството кон 24-годшниот крилен-центар.
ТФТ на Маслинко му должи повеќе од три плати, иако надворешната слика изгледа дека финансиската состојба е стабилна, сепак се чини во таборот на прволигашот не „цветаат рози“. Не е само Макслинко, списокот на должници е голем, дознава СПОРТМЕДИА.
Маслинко во овој момент е во преговори со неколку македонски клубови, останува да видиме каде ќе ја продолжи својата кариера.
Тој во ТФТ дојде од тимот на МЗТ Скопје, но првите луѓе на клубот не ги исполнија очекувањата на македонскиот репрезентативец во делот на плати.