Барса ќе му даде „Carta de libertad“ на Дембеле и ќе се отараси од него

873

Крилниот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле би можел да го напушти клубот иако вчера Барслеона не успее да го продаде во последниот ден од преодниот рок. Како што пишува новинарот на каталонскиот венсик „Спорт“, Алберт Роже, Каталонците размислуваат да му доделат на Французинот „Carta de libertad“, документ кој означува суспензија од клубот.

Во суштина, ова би значело раскин на договорот на Дембеле со Барса, со што ќе му се овозможи на новиот клуб да потпише со играчот без да и плати отштета на Барселона.

24-годишниот фудбалер оваа сезона забележа 11 настапи за Барса, постигна 1 гол и 2 асистенции.

ПретходноХрватите му „подготвија“ отказ на селекторот: Од првиот меч се беше една голема импровизација
СледноКошаркарите против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“