Бундес лигата „сиромашна“ со трансфери, 18-годишник е ѕвезда на преодниот рок

224

Бундес лигата одамна не била толку „сиромашна“ со трансфери. Додека другите клубови од Топ 5 лигите трчаа и пазареа фудбалери, бундеслигашите скромно речиси ништо не потрошија. Веројатно се претпазлици со оглед на бурните времиња предизвикани од пандемијата и затворањето на стадионите, гигантите Баерн, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг не потрошија ништо.

18-те клубови во Бундес лигата во претходниот месец реализираа вкупно 26 „влезни“ трансфери (не сметајќи ги повратниците од позајмица и промовирањето на младинци во сениорскиот состав).

Најскапиот трансфер го направи Аугзбург кој плати речиси 16,5 милиони евра за 18-годишниот напаѓач Рикардо Пепи од Далас. Волфзбург даде 12 милиони евра за Јонас Винд од Копенхаген.

Како топ трансфери можат да се посочат Сардар Азмун од Зенит во Баер Леверкузен (4 милиони евра) и Макс Крузе од Унион во Волфзбург (5 милиони евра).

Волфзбург потроши најмногу пари, 24 милиони евра за тројца фудбалери (Винд, Крузе и Паредес), но да се напомене дека го продадоа Вегхорст за 14 милиони евра.

Дури седум од 18-те клубови не потрошија ниту едно евро.

ПретходноАгентот на Пандев за трансферот: За два часа ја завршивме работата со Парма
СледноЏејкоб Вајли е нов член на Реал Бетис