+1
Вардар го победи тимот на СКА Ростов со 2:0 на својата прва пријателска средба од подготовките во Анталија. Членот на ВМФЛ – ЗАПАД против рускиот клуб одигра сосема солидно. Првиот гол на натпреварот беше дело на капитенот Дејан Блажевски во 52.минута кога нешто оддлево шутираше максимално прецизно во голот на СКА Ростов. Додека во судиското продолжение вардарци уште еднаш ја затресоа мрежата на противникот за конечни 2:0.
Инаку Вардар мечот го започна со следните единаесетмина: Гачевски, Стојанов, Мишковски, Ристески, Глишиќ, Мицевски, Николов, Јованов, Блажевски, Наумоски, Петковски. Во продолжение од мечот шанса од стратегот Никола Глигоров добија уште неколкумина играчи.