Гранде Пандев меѓу „Олд Тајмерите“ на светскиот фудбал кои се уште прават трансфери (ФОТО)

790

Последниот ден од зимскиот трансфер пазар заврши. И оваа зима имаше исклучително интересни трансфери во најсилните светски лиги, а еден од трансферите реализиран во последните часови сериозно ја изненади и македонската фудбалска јавност.

Во последната (најавена) сезона од неговата активна фудбалска кариера, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев реши да ја промени средината. Изненадувачки, Гранде Пандев последните 6 месеци од тековната сезона ќе ги помине во дресот на Парма. Со своите 38 години, струмичанецот е само еден од неколкутемина „олд тајмери“ во светскиот фудбал кои и на прагот на „40-тата“ се уште реализираат трансфери.

Покрај Пандев оваа зима нови клубови си најдоа и легендарните Бразилци Фелипе Мело и Рафиња, некогашната „ѕверка“ на Олимпик Лион, Лисандро Лопез, но и една од иконите на руска ЦСКА (М), Вагнер Лов.

ПретходноИ официјално Грузиецот Куција е нов фудбалер на Работнички!
СледноВардар тргна победнички во Анталија!