И официјално Грузиецот Куција е нов фудбалер на Работнички!

436

Георги Куција, играчот за врска на Динамо Тбилиси и официјално е нов член на Работнички. Како што веќе информираше „Спортмедиа“, клубот од Градски парк го потпиша интернационалецот од Грузија, договорот е тој во наредните 1,5 година да игра за Работнички како позајмен играч на грузискиот гигант.

Инаку Куција има 22 година, игра во дефанзивниот дел од средниот ред и тој треба да биде замената за повредениот Арменд Алими.

Куција не беше во Анталија со своите нови соиграчи, тој тука во Скопје си тренираше а со оглед на тоа дека експедицијата веќе се врати, Грузиецот веднаш ќе почне со тренинзите со своите нови клупски колеги.

ПретходноПрекрасен гест: Ландин му испрати свој дрес на синот на Паличка! (ФОТО)
СледноГранде Пандев меѓу „Олд Тајмерите“ на светскиот фудбал кои се уште прават трансфери (ФОТО)