ПСЖ на шокантен начин синоќа испадна од Купот на Франција, и тоа на пенали од Ница, во меч од 1/8 финалето на ова натпреварување. Иако Лео Меси постигна гол во пенал – серијата, искрено одигра далеку под своите стандарди и можности.
Токму затоа денеска дел од медиумите во Франција упатија жестоки критики кон Аргентинецот.
“Освои седум Златни топки, но во ПСЖ е за никаде. Одигра уште еден натпревар под своето реноме. Иако играше сепак не го спречи испаѓањето на својот тим во Купот на Франција. Познато е дека се врати после короната, но сепак уште еднаш разочара“ се вели во дел од коментарите.