Пандев се запозна со соиграчите и го одработи првиот тренинг во Парма (ФОТО)

2335

Фото: repubblica.it

Горан Пандев ја напушти Џенова и се приклучи на Парма која се натпреварува во Серија Б. Во последниот ден од зимскиот преоден рок, „Гранде Пандев“ одлучи да ја смени средината и до јуни да игра за „млекарите“ заедно со легендарниот италијански и светски голман Џиџи Буфон. Гоче има опција да го продолжи договорот на уште една сезона, но за тоа потоа.

Денеска, Пандев се приклучи на екипата, се запозна со соиграчите и го одработи првиот тренинг.

Пандев ќе дебирита за новиот клуб против Беневенто во гости на 5 јануари во рамките на 21 коло на Серија Б. Парма е на 12-тото место на табелата.

Претходно“Освои седум Златни топки, но во ПСЖ е за никаде“!
СледноСтруга ТЛ славеше победа над косовски Раховеци!