Сара Ристовски и нејзиниот тим ЦСКА Москва продолжуваат во победнички ритам во домашниот шампионат. На домашен терен ја совладаа екипата на Звезда Звенигород со убедливи 40:30 во рамките на 15. коло.
ЦСКА Москва дојде до 13. триумф, со два порази се наоѓа на врвот на табелата пред Ростов, кој има пораз повеќе.
Македонската репрезентативка постигна три гола од исто толку обиди, а нејзиниот тим мечот го реши уште во првото полувреме, имаше позитива од 19-16.