Сите му свртеа грб: Соиграчите го избришаа од социјалните мрежи, клубот не му дава правна помош

2158

Големата надеж на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој беше обвинет за силување и претепување на својата поранешна девојка во неделата, веќе два дена е во притвор. Од обвинителството велат дека таму и ќе остане се додека органите на прогонот не добијат доволно време да ги подготват документите за неговиот случај, по обвинувањата на неговата девојка.

Интересно е што некои од неговите довчерашни соиграчи повеќе не му се „пријатели“ на социјалните мрежи. Кристијано Роналдо, Давид Де Хеа, Пол Погба, Единсон Кавани, Скот МекТомај, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд го избришале од листата на следбеници јасно покажувајќи што мислат за неговото однесување надвор од теренот.

Манчестер Јунајтед веќе се огради од постапките на играчот и официјално му забрани учество во тренажниот процес и натпреварите на клубот, а малку подоцна стана јасно дека нема да пружат правна помош и ја стопираа продажбата на сите официјални клупски предмети поврзани со името Гринвуд.

ПретходноВардар тргна победнички во Анталија!
СледноГранде во Парма ќе го носи дресот со бр.27! (ВИДЕО)