Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев и неговиот тим Хебар по третпат во клупската историја го освои бугарскиот куп во одбојка за мажи.
Во финалето екипата од Пазарџик славеше со 3:1 (25:23, 25:27, 25:23, 25:21) над домаќинот на завршниот турнир Нефтохимик 2010. Со овој успех Хебар го симна Нефтохимик од тронот и по 2019 и 2020 година, успеа да си го врати трофејот во своите витрини. Интересно, е што од почетокот на сезоната за Ѓорѓиев ова е веќе втор трофеј со новиот клуб, откако претходно го освои и Суперкупот на Бугарија.
Нашиот репрезентативен техничар беше еден од најдобрите во победничкиот тим, реализирајќи и три поени.