Финалето на ЕП во ракомет кое се одигра во неделата во Будимпешта донесе голем број на гледачи пред ТВ екраните. Според официјалните бројки на гледаност кои доаѓаат од земјите кои беа дел од финалниот меч, за нијанса поголемо внимание мечот предизвика кај новиот европски првак, Шведска.
Според бројките, во Шведска имаше вистинска „ракометна треска“ за финалето. Телевизијата ТВ6 која го пренесуваше мечот објави дека дуелот го гледале 2,1 милион Швеѓани, што го прави втор најгледан настан на телевизијата и петти најгледан на телевизиската платформа Виаплеј.
Одлични бројки доаѓаат и од Шпанија. Таму повеќе од 1,7 милиони гледачи биле крај ТВ екраните за да го гледаат финалниот меч.