Хрватите му „подготвија“ отказ на селекторот: Од првиот меч се беше една голема импровизација

596

Хрватскиот ракометен сојуз му подготвува отказ на селекторот Хрвоје Хорват. Така може да се протолкува последната изјава на првиот човек на хрватскиот ракомет дадена во едно ТВ-интервју вчера во очекување на конечниот став на Сојузот.

„Морам да признаам дека од првиот натпревар се беше една голема импровизација, што се виде и на теренот. Она што можам да го направам е да им се заблагодарам на сите играчи кои го ризикуваа својот живот, здравје и нивните кариери со настапот на едно вакво ЕП“, вели Томислав Граховац.

За настапот на Хрватска и пласманот на крајот на првенството тој додаде:

„Секако дека осмото место не може да биде успех и не можеме да кажеме дека добро се снајдовме. Факт е дека првенството беше, ако можам така да кажам, „специфично“. Не само Хрватска, туку и многу репрезентации имаа проблеми со короната и на крајот можеме да кажеме дека покрај некој квалитет, во финалето стигнаа и репрезентациите со најмалку заразени играчи“, изјави претседателот на Хрватскиот ракометен сојуз, додавајќи дека одлуката за иднината на Хорват на кормилото ќе ја донесе Управниот одбор.

ПретходноНа 39 години има нов клуб: Дефо потпиша за Сандерленд за да го врати во Чемпионшип
СледноБарса ќе му даде „Carta de libertad“ на Дембеле и ќе се отараси од него