Црвена Звезда и Милано го сторија невозможното во Евролига!

717

Во Евролига вечерва се играат натпреварите од 24. коло. Во центарот на вниманието се најде мечот меѓу Црвена Звезда и Армани Милано.

Првата четвртина заврши со неверојатен резултат од 8-7 или вкупно 15 постигнати поени, што пак е негативен рекорд во историјата на ова натпреварување. Во Евролигата не се памети меч на кој паднале само 15 поени по десет минути игра.

На момент се чинеше дека се игра ракометен, а не кошаркарски натпревар. На крајот победата ја однесоа гостите, славеа со 63-57.

На останатите средби Фенербахче ја оправда улогата на фаворит против Лион, беше подобар со 85-76, Жалгирис го изненади Макаби, беше подобар со 78-94 на гостински терен.

 

ПретходноПандев со емотивно збогум: Почувствував дека е време да си одам – Џенова засекогаш!
СледноКулушевски: Дојдов во Тотенхем поради Конте