Ѓоковиќ сепак ќе се вакцинира?

560

Новак Ѓоковиќ и натаму е во центарот на вниманието. Српскиот тенисер не успеа да ја брани титулата на Австралија Опен, откако не ги исполни условите за да влезе во оваа земја.

Ѓоковиќ не е вакциниран, услов кој засега ќе му прави проблеми за следните тунири. Но, се чини оваа одлука наскоро ќе ја смени, барем така вели Даниел Мукуш, човекот кој ја напиша неговата автобиографија.

„Според она што може да се слушне од неговите најблиски, Новак ќе се вакцинира. Можеби за ваквата одлука придонесе и финалето од Мелбурн и 21. Грен слем титула на Рафаел Надал“, изјави тој.

Ќе видиме што му е поважно на Новак и што ќе преовладува на крајот, но јасно е дека вакцинацијата би придонела за продолжување на „ловот“ на Грен слем турнирите сезонава.

Ѓоковиќ може да го пропушти речиси секој Грен слем до крајот на сезоната доколку не се вакцинира, како и некои посилни турнири.

ПретходноСари го напушта Лацио поради пасивноста на клубот во преодниот рок?
СледноВаленсија го загуби дербито по продолжение, „седумка“ за Нено