Финансиската ситуација во Барселона и натаму е катастрофа. Лапорта колку и да се труди да ги поправи работите, се чини дека е далеку од тоа нешто позначајно да стори. Долгот е над 1 милијарда евра, и тоа благодарение на работата на претходното раководство на клубот на чело со Бартомеу.
Па затоа новата управа го повикала обвинителството на Шпанија да ги истражи сите работи на Бартомеу, а дека ќе му бидат предадени сите можни документи.
Се споменува тука разни малверзации како плаќање на родителите место на играчите, потоа на адвокати за непосточки договори, се плаќале и новинари да молчат.
Овие шокантни изјави на Лапорта секако дека треба и тоа како да се потврдат, а дека имало нешто сомнително веројатно и имало. Инаку како би се направил долг од повеќе дод една милијарда евра.