Кошаркарите против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“

218

Во продолжението од кошаркарските квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023, машката сениорска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен.

Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27 февруари, во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за СК 2023. Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24 февруари во Тбилиси, од 16 часот), ќе започне од 20 часот.

ПретходноБарса ќе му даде „Carta de libertad“ на Дембеле и ќе се отараси од него
СледноПријателски во Анталија: Тиквеш ремизираше со Кубан, убедлив пораз на Силекс!