Кулушевски: Дојдов во Тотенхем поради Конте

247

Новото засилување на Тотенхем Дејан Кулушевски изјави дека многу научил во Италија играјќи за Аталанта, Парма и Јувентус, но и дека се преселил во Северен Лондон поради Антонио Конте. Крилниот напаѓач со македонски корени ќе игра како позајмен до 2023 година со тоа што „Спарс“ имаат опција да го купат. Тотенхем ќе плати 10 милиони за 18 месечна позајмица, а за да откупи ќе треба да доплати 45 милиони евра.

Многу сум среќен што сум тука. Многу ми е важно да се забавувам додека играм фудбал. Се преселив во Аталанта кога имав 15 години, беше забавно, но и тешко затоа што ми недостасуваше семејството. Но сега е различно“, изјави шведскиот репрезентативец.

Во Јувентус имав две интензивни години со двајца различни тренери. Таму научив многу затоа што играв со едни од најдобрите играчи на светот. Сега дојдов во Тотенхем затоа што сакам да работам со Антонио Конте. Со нетрпение чекам да почнам да играм. Го познавам од престојот во Интер. Тој е победник и јас сакам да бидам таков“, рече екс-играчот на Јувентус.

ПретходноЦрвена Звезда и Милано го сторија невозможното во Евролига!
СледноХРС донесе одлука: Хрвоје Хорват останува селектор на Хрватска