Пријателски во Анталија: Тиквеш ремизираше со Кубан, убедлив пораз на Силекс!

430

Утринава Тиквеш и Силекс одиграа пријателски средби во Анталија, во рамките на своите подготовки. Тиквеш се сретна со Кубан Краснодар од Русија, во меч кој во првиот дел кавадарчани доминираа, имаа и водство од 2:0 со головите на Мишов и Темелков. Во вториот дел стратегот Влатко Костов им даде шанса на останатите свои играчи, тоа го искористи противникот и на крај мечот заврши без победник 2:2.

Силекс ги одмери силите со тимот на Торпедо Москва и загуби убедливо со 1:4 (0:0). Значи сите голови паднале во вториот дел а голот за кратовци беше дело на Филип Стојчевски за 1:1, но сепак на крајот Торпедо успеал да дојде до убедлив триумф со 1:4.

ПретходноКошаркарите против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“
СледноТСЦ Бачка Топола го потпиша Мирчевски, се чека на промоција!