Осман Дембеле веројатно е утка или промашување на векот. Барса за него „истресе“ тешки, тешки милиони а не доби ништо. И кога се ќе се собере и одземе, кога ќе се пресмета колку пари Дембеле заработил од Барса а колку натпревари одиграл и колку голови постигнал, тогаш тоа е страшно.
Имено каталонски „Спорт“ излезе со пресметка дека Барса секој гол на Дембеле го платила 5,7 милиони евра, секој меч на кој играл платен е со 1,4 милиони евра, и на крај секоја негова минута мината на теренот во дресот на Барса овој клуб ја чини фантастични 23.000 евра.
Ова се вика епско промашување. Промашување на векот.