Уште еден трофеј: Ѓорѓи Ѓорѓиев и Хебар го освоија бугарскиот куп

126

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев и неговиот тим Хебар по третпат во клупската историја го освои бугарскиот куп во одбојка за мажи.

Во финалето екипата од Пазарџик славеше со 3:1 (25:23, 25:27, 25:23, 25:21) над домаќинот на завршниот турнир Нефтохимик 2010. Со овој успех Хебар го симна Нефтохимик од тронот и по 2019 и 2020 година, успеа да си го врати трофејот во своите витрини. Интересно, е што од почетокот на сезоната за Ѓорѓиев ова е веќе втор трофеј со новиот клуб, откако претходно го освои и Суперкупот на Бугарија.

Нашиот репрезентативен техничар беше еден од најдобрите во победничкиот тим, реализирајќи и три поени.

ПретходноПо полноќ Лампард доби уште едно ново име: И Деле Али е нов играч на Евертон!
СледноПочина Маурицио Зампарини: Трајковски и Несторовски се простија со некогашниот сопственик на Палермо