Хрватскиот ракометен сојуз донесе одлука, на селекторското место на националниот тим нема да има промени. Хрвоје Хорват ќе остане на клупата, како и неговиот помошник Ивано Балиќ.
Пред Управниот одбор, Хорват го поднесе својот извештај за настапот на Европското првенство, по што е донесено одлука да нема промени. Главната задача ќе биде да ја однесе Хрватска на Светското првенство во 2023 година.
Хорват по континенталното натпреварување беше на мета на бројни критики од стручни лица до јавноста, тој се вранеше со пандемијата коронавирус и неможноста да настапи во најсилен состав.
Иако ракометарите не ги исполнија очекувањата и не се најдоа на завршниот викенд во Будимпешта, сепак хрватскиот селектор доби зелено светло да го подготвува тимот за Мундијалот следната година, кој ќе се одржи во Полска и Шведска.