Јуве го промовираше Влаховиќ, Србинот ја одбра “седумката“ на Роналдо!

268

Денеска Јувентус и официјално го промовираше Душан Влаховиќ, своето најголемо зимско засилување. Познато е дека трансферот вреди околу 75 милиони евра, што го прави Влаховиќ најскапиот српски фудбалер.

На промоцијата Србинот истакна дека ја одбрал „седумката“ како број што ќе ја носи на „црно – белиот“ дрес. Досега тој дрес го носеше Роналдо.

Не само седумката, во Јувентус сите броеви си имаат своја тежина. Тука е важна само победата. Сакам да и се заблагодарам на Фиорентина, секако да кажам дека сум среќен што сум дел од славниот Јувентус“истакна покрај другото новиот член на италијанскиот гигант.

ПретходноМакедонската експедиција веќе е во Пекинг: Јада и Цветановска го чекаат отворањето на ЗОИ!
СледноПрекрасен гест: Ландин му испрати свој дрес на синот на Паличка! (ФОТО)