Федерер: Мислев дека сум најдобар!

367

Роџер Федерер се исто како Рафаел Надал минатата година имаше проблем со повредите, се уште не се опорави, но се надева дека ќе може да настапи на неговиот омилен турнир, Вимблдон.

Долго време не се огласуваше во јавноста, но пред неколку дена по завршување на Австралија Опен и големиот триумф на Рафаел Надал, зборуваше за големото ривалство.

Федерер откри дека уште вежба само во теретана и дека во април ќе има јасна слика за неговиот потенцијален кам-бек на теренит. Она што Надал го направи во Мелбурн за него е голема инспирација во битката со времето.

„Рафа, Новак, Сампрас…Чувството е неверојатно да се дели теренот со нив, не можам да бидам посреќен. Го гледав АО на крајот, мечот траеше предолго, имам премногу деца, па не можев да го гледам секој поен, но убаво беше да се видат емоциите на теренот. Рафа пред неколку месеци ми рече дека не се чувствува добро во неговото тело, но сега го држеше трофејот, тој е мојата инспирација.

Мислам дека ваквите ривалства се потребни. Јас мислев дека сум најдобар, се додека не дојдоа Рафа, Ноле, Мари, Родик…Мислам дека научив од сите по малку, нешто од Агаси и Сампрас. Се обидував да внесувам мои новитети во мојата игра, во кондицијата, тоа беа големи лекции за мене, среќен сум дека сите ме инспирирале“, рече Роџер.

ПретходноТиквеш рутински до бодовите на гостувањето кај Прилеп
СледноФуриозна серија на МЗТ Скопје за цел плен од Куманово