Екипата на Бадел 1862 не успеа да го совлада црногорскиот Будуќност во женската јадранска лига. Баделки имаа одлично прво полувреме, но во второто немаа сили да го завршат мечот како што треба и загубија со 59:67. Во првата четвртина Бадел имаа двоцифрена предност (24:14), а понатаму ја направија повисока (44:33).
Но по одморот гостинките од Подгорица направија пресврт. Во третиот период „баделки“ реализираа само шест поени, а противникот дури 21 поен со што ги свртија работите во своја насока. Будуќност во еден момент побегна и на двоцифрена предност (61:51) што беше моментот кој ги фрли „баделки“ во очај.
Кај Бадел 1862 Стојановска и Кметовска имаа по 18 поени.
Бадел на 9 февруари ќе игра уште еден меч на домашен терен и тоа против Војводина од Нови Сад.