Од таборот на Манчестер Јунајтед денеска ги обавестија своите навивачи дека слободно можат да ги посетат продавниците каде што се продаваат навивачките реквизити на клубот и доколку сакаат да го заменат нивниот веќе купен дрес со името на Мејсон Гринвуд и со дрес од некој од другите играчи.
Оваа одлука секако дека се базира врз последните случувања со младиот играч кој е обвинет за силување, сексуален напад и насилно однесување кон својата девојка, за што му е одреден и притвор.
Тој е во сериозни проблеми, клубот го суспендираше, не му овозможи правна помош, и го очекува мачно судење.
Од друга страна пан „Најк“ како компанија одлучи да му го откаже спонзорството на играчот, што реално во моментов е негов најмал проблем.
REUTERS/Phil Noble