„Зијеш е затворена страница за националниот тим, него не може да му се верува“

686

Фудбалерот на Челзи Хаким Зијеш е затворена страница за националниот тим на Мароко под раководство на Вахид Халилхоџиќ. Тоа го соопшти самиот селектор на пресконференција, а причината е што фудбалерот на Челзи симулирал повреда за време на паузата за националните тимови минатиот јуни.

Зијеш и бекот на Ајакс Нусаир Мазрауи не беа повикани во составот  на Мароко и за светските квалификации во септември и ноември минатата година. Тогаш тимот ги доби сите шест меча во групата и се пласира во елиминациското коло кое ќе се игра во март.

Тој не е човек на кој може да се потпре националниот тим. Не би повикал фудбалер кој може да ја наруши атмосферата во соблекувалната, па дури и тој да се вика Лионел Меси. Му простував два пати, а трет пат нема. И на мене не ми е лесно, но секој што сака да игра за репрезентацијата треба да има почит кон неа, кон соиграчите и кон селекторот. Да покаже дека може да му се верува“, изјави Халилхоџиќ.

Мароко испадна во четвртфиналето на Африканскиот куп по поразот од Египет.

Разочарани сме. Имавме неколку тешки денови, но јас сум оптимист околу иднината на оваа екипа. Ќе продолжиме да работиме и се надевам на пласман на СП“.

 

ПретходноВо понеделникот го потпишаа новиот играч, а во четврток решија да го избркаат
СледноКамерун во солзи, Египет се пласира во финалето на Африканскиот куп