Како што стојат засега работите, на два дена пред супер – дербито Интер – Милан, “гостинската“ екипа ќе мора без својот најдобар фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Како што попладне јавуваат медиумите во Италија, Златан на денешниот тренинг воошто не се појавил, тренирал во теретана, имал уште болки во пределот на Ахиловата пета, повреда заработена на мечот со Јувентус на 23 јануари. Покрај него, за Милан на ова градско дерби, во кое се среќаваат претендентите за титулата, нема да може да смета ниту на Анте Ребиќ.