ЗОИ 2022: Кина го постигна првиот гол во женски хокеј на ЗОИ

103

На ден пред официјалното отворање на ЗОИ во Пекинг, веќе започнаа дел од натпреварите на екипните турнири. Утрово започна женскиот олимписки турнир во хокеј на мраз, каде домашната репрезентација Кина, успеа да го постигне својот прв историски гол на зимските олимпијади.

Кина загуби со 3:1 на мечот со Чешка, но во 30. минута од натпреварот кинеската хокеарка Ле Ми го постигна првиот гол во историјата на Кина на Олимписките игри.

Интересно е што Ле Ми е всушност натурализирана хокеарка во кинескиот тим, а нејзиното вистинско име е Хана Милер. Хана е само една од големиот број натурализирани хокеарки во кинескиот тим.

ПретходноУЕФА со неверојатна анализа: Колку пари загубија клубовите за време на пандемијата?
СледноГлигоров: Задоволен сум од она што го гледам досега