Рафаел Надал пристигна во Мајорка и одржа прес-конференција по освојувањето на 21. Гренд слем титула.
Иако шпанскиот тенисер испиша историја, сепак беше скромен пред новинарите. Тој нема да прави голема забава по освојувањето на Австралија опен.
„Победата ќе ја прославам со семејството. Нема да има голема забава поради коронавирус. Мора да бидеме внимателни“, изјави Надал, кој најави дека допрва ќе одлучи како ќе изгледа неговиот календар за следните настапи.
Шпанецот го освои првиот трофеј по Ролан Гарос во 2020 години и поведе на вечната листа пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.