Падна одлука, Работнички има нов тренер!

1179

Раководството на Работнички го назначи тренерот кој до крајот на оваа сезона ќе треба да го држи најтрофејниот кошаркарски колектив во “живот” додека се решат финансиските проблеми. Дилемата беше меѓу Игор Михајловски и Марјан Србиновски. Одлуката падна на Михајловски, кој по пауза се враќа на терените.

Последен тим кој го водеше беше Куманово, но на кратко, откако две години беше на клупата на Кожув. Михајловски на клупата на Куманово беше и во периодот од 2014 до 2015 година. Тој доаѓа на местото на Тони Симиќ, кој имаше солиден состав, но поради финансиски проблеми фати удолница.

На првиот меч по паузата беше поразен од дебитантот Феникс, одигра без странските засилувања, сите го напуштија тимот. По овој натпревар Тони Симиќ и раководството на клубот одлучија да се разделат, а само неколку дена подоцна, е најденото решението за испразнетото тренерско место. Работнички е на седмото место на табелата во Првата лига, има седум победи и шест порази.

ПретходноУкраинците треба да избегнуваат контакти со руските спортисти на ЗОИ во Пекинг!
СледноБадел 1862 тргна фуриозно против Будуќност, но во вториот дел потона