Килијан Мбапа следната сезона ќе го облече дресот на Реал Мадрид, информација за која пишуваа светските медиуми. Според нив францускиот фудбалер веќе има договор со „кралевите“, ќе заработува 50 милиони евра.
Мбапе ќе замине како слободен играч, што пак му отвара простор да преговара за поголема плата. Но, мадридскиот тим нема намера да застане, на листата на желби е Ерлинг Халанд.
Доколку Реал Мадрид успее да го донесе ќе биде мирен кога станува збор за нападот. Мбапе го прослави 23. роденден, додека Халанд има 21 година.
Сепак двајцата не се добро решение кога станува збор за наградите, но и напредокот во нивните кариери. На оваа тема на кратко коментираше искусниот фудбалер на Барселона, Пике.
„Јас да сум Халанд и да ја сакам „Златната топка“, не би играл во ист тим со Килијан Мбапе“, искоментира ветеранот.