0
Најдобриот стрелец во досегашниот дел од ПМФЛ, Мартин Мирчевски и официјално ја замени Академија Пандев со нов клуб. Денеска е претставен како член на екипата на ТСЦ Бачка Топола од Србија каде што е претставен како големо засилување.
На клупскиот сајт на клубот е претсавен како во моментов најдобриот голгетер во Македонија со 16 постигнати гола.
Екс Македонскиот младински репрезентативец ја имаше полусезоната од соништата во есенскиот дел, и нормално е што прави чекор напред во кариерата.