Шкендија потпиша петгодишен професионален договор со својот млад фудбалер Решат Рамадани (18). Договорот е со времетраење од 5 години. Рамадани важи за еден од најталентираните фудбалери на нашиот шампион кој потекнува од школата на Шкендија.
Рамадани игра како дефанзивен играч за врска, а може со успеј да игра и стоперската позиција.
Инаку Решат Рамадани веќе го имаше своето деби за првиот тим есеноска и тоа на Автокоманда против Скопје кога Шкендија победи со 2:0.